Чистата средина е наша заедничка одговорност!
Диви депонии во твоето мести на живеење, неконтролирано палење отпад, узурпација на зелени површини, загадување на локалните реки или прекумерна употреба на пестициди во твојот регион? Секојдневно се соочуваме со еколошки проблеми кои директно влијаат врз нашето здравје и иднината на Пелагонија, но молкот само ги зголемува последиците.
Оваа рубрика е твојот глас и простор за акција. Рубриката „Реагирај“ е замислена како граѓански дигитален аларм. Твојата пријава овде не е само статистика — таа е почетна точка за акција!
Процесот е брз и едноставен:
Пријави го проблемот: Пополни ја формата на почетокот на оваа страница. Опиши што се случува, лоцирај го проблемот (наведи ја општината или селото) и доколку си во можност, прикачи фото материјал.
Истражување: Напишаното нема да остане само во нашата база. Твојата пријава ќе ја преземе нашиот проектен тим со цел да го истражи случајот.
Твои контакт информации: (Име, презиме и е-меил. Напомена: Твоите лични податоци се целосно заштитени и нема да бидат јавно објавени без твоја дозвола. Пријавата може да биде и анонимна).
Бараме одговори: Таму каде е применливо, со помош на алатките за Слободен пристап до информации, ќе испратиме и официјални барања за пристап до информации од јавен карактер.
Јавност на еколошки прашања: Во моментов нашата платфома е насочена кон еколошки прашања во Пелагонија. Нашите новинарски истражувања, во кои се користат и алатките за пристап до информации од јавен карактер, ги преточуваме во професионални медиумски стории кои ги објавуваме на нашиот Блог со цел да ги споделиме со пошироката јавност, вадејќи го проблемот од „зад сцената“ директно пред очите на јавноста и институциите.