Какви мерки се превземаат за обнова на моликата на Пелистер
1 октомври 2026
БИТОЛА - Што ја загрозува моликата, но и какви мерки се превземаат за обнова на моликовата шума на Пелистер? Токму на оваа тема, ученици од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, како дел од проектот „Дигитална акција за зелена реакција“, започнаа истражувачка мисија за заштита на животната средина.
И оваа тема ја истражувавме на тој начин што до Националниот парк Пелистер поднесовме Барање за пристап до информации од јавен карактер на тема заштита и мерки за обнова на моликата. Благодарение на одличната соработка со управата на паркот дел од нашиот тим реализираше посета на седиштето на НП Пелистер во Битола, каде детално ни беа одговорени сите прашања. При тоа дечл од младите учесници во проектот направија и ексклузивно интервју со директорот на НП ПелистерИванчо Тошевски токму на оваа тема.
Поткастот кој го водат ученици од СОУ Таки Даскало Битола открива како со вистинска стратегија и посветени мерки на терен може да се заштитат нашите зелени богатства.