БЛОГ

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар и се штитат моликовите шуми на Пелистер

9 октомври 2026

БИТОЛА - Дали знаевте дека еден од најголемите природни бисери во Македонија – Националниот парк Пелистер – користи современа технологија со дронови за заштита на вековните моликови шуми од пожари?

Со употреба на дронови полесно и побрзо може да се лоцира фронтовата линија на пожарот кога со огнот се зафатени шуми.

Токму на оваа тема, ученици од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, како дел од проектот „Дигитална акција за зелена реакција“, започнаа истражувачка мисија за заштита на животната средина.

Сè започна кога до Националниот парк Пелистер поднесовме Барање за пристап до информации од јавен карактер на тема заштита на шумите од пожари. На наша голема радост, од управата на паркот пристигна покана за средба, па дел од нашиот тим реализираше ексклузивно интервју со директорот Иванчо Тошевски.

Поткастот кој го водат Дарко Стефановски и Марко Савиќ открива како дроновите му помагаат на Националниот парк Пелистер во раната детекција на пожарите, кои се предизвиците со кои се соочуваат чуварите на шумата и што можеме сите ние да направиме со цел преку одговорно однесување при престој во природа да ги зачуваме нашите зелени богатства.

Слушнете повеќе во поткастот!

Сподели на социјалните мрежи

Проект: Дигитална акција за зелена реакција (Digital Action for Green Reaction)